Танаскоски: Уредбата за увоз на автомобили нема да се менува
Според директорот Ѓоко Танаскоски, Царинската управа е отворена за забелешки, но рано е за промена.
Уредбата за увоз на автомобили што стапи во сила од први јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента, засега нема да се менува. Според директорот Ѓоко Танаскоски, Царинската управа е отворена за забелешки, но рано е за промена.
„При пресметката на овој данок, главната измена се однесува на еколошката компонента која е вметната во пресметката на овој данок. А тоа опфаќа да на пример, до 10.000 евра, возилата кои досега ништо не плаќале, сега ќе плаќаат врз основа на еколошката компонента. Односно, што помалку загадуваат, тоа помалку ќе плаќаат. За прв пат се прави храбар исчекор во контекст на справување со загадувањето, преку мотивирање на увоз на поеколошки возила отколку на понееколошки“, изјави Танаскоски.
Само во декември увозот на половни возила достигнал шест илјади примероци и бил тројно повисок во однос на претходните месеци.
