ОУ „Дане Крапчев“ стана екоучилиште

06.03.2014 16:38

Основното училиште „Дане Крапчев“ е едно од 22. основни училишта во Македонија кои добија зелено знаме и се стекна со статусот екоучилиште на интернационално ниво.

По тој повод, како што информира општина Гази Баба, се одржа свечена програма на која присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски. Хорот на училиштето се претстави со еколошка химна и еколошки танцови точки.

ОУ „Дане Крапчев“ доби зелено знаме со реализација на многубројни екопроекти.