„Крпен студенски живот“

Студентите го оценуваат квалитетот на студентскиот живот со 2,5

22.01.2020 14:27

Младинскиот образовен форум ги презентира резултатите од истражувањето за студентскиот живот. Анкетираните 300 студенти од три студентски домови квалитетот на студентскиот живот го оцениле со 2,5. На прашањето зошто живеат во дом студентите одговориле дека за малку пари добиваат три оброка дневно и чист кревет...

„Крпен студенски живот“ - истражувањето на Младинскиот образовен форум покажува дека секој станар во трите единици на Државниот студенски дом – Скопје, месечно добива по една банана, три оброци со месо, малку млеко и јогурт. Дневниот трошок за подготовка на храна е 61 денар по студент - за појадок, ручек и вечера. Истражувањето на МОФ покажало дека од вкупниот годишен буџет што се движи околу 3,5 милиони евра, само 15 проценти се издвојуваат за исхрана на студентите, а 28 насто за плати за вработените.

Поради лошите услови, бројот на студентите во домовите е намален за 21 процент, велат од МОФ. Анкетирани се 300 академски граѓани. На скала од 1 до 5, квалитетот на животот во домовите го оцениле со 2,9. Сепак, тоа е најевтината варијанта за студирање. 

Состојбите треба да се подобрат со новиот Закон за субвенциониран оброк. Владата даде зелено светло, на потег е Собранието. Предвидува секој студент да има право да користи дневна субвенција од 120 денари за здрав оброк, во ресторани што ќе склучат договор со ресорното министерство.

 

Александра Спировска