Арслани затекнал триесетина предмети во фиока кај Вангеловски, дел од нив решени
Прво да се завршат судските предмети пронајдени во кабинетот на екс- претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, наредил в.д. претседателот на судот Фаик Аслани. Од Судскиот совет со став дека Антикорупциска и Обвинителството треба да испитаат зошто биле задржани овие предмети...
Триесет судски предмети од Врховен кои биле задржани во фиока, по примопредавањето на функцијата, во голем дел биле решени. Еден предмет бил застарен.
В.д. претседателот на судот, Фаик Арслани дал наредба прво да се завршат тие, а потоа да се работат нови. Предметите не биле притворски туку во завршна фаза.
Претседателот на Советот на судии, Киро Здравев, вели дека се повредени правата за судење во разумен рок. Очекува антикорупциска и обвинителството да испитаат зошто поранешниот претседател на Врховен, Вангеловски ги задржувал предметите. И Советот ќе презел чекори.
Во меѓувреме, во Судскиот совет се избираат членови. Здравев потврди дека имало гласање за кандидат кој во последен момент се повлекол, но не ја знаел причината за тоа. Ако е избран, тој сепак ќе биде член, а ако поднесе оставка целата постапка ќе се повтори.
Наташа Гркова- Петрушевска
