До крајот на неделава средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство
Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за Законот за јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава на која опозицијата ќе ги изложи забелешките на текстот на законот. Ресорната министерка Дескоска со став дека шансите дали ќе се донесе или не Законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ...
До крајот на неделава средба на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство. Министерката за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ. Дескоска смета дека шансите дали ќе се донесе Законот за јавно обвинителство зависат од вистинската волја на опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на претстојната средба ќе ги изложат своите забелешки и аргументи со кои сметаат дека текстот на законот може да се подобри. За опозицијата и понатаму останува спорна иднината на обвинителите од СЈО.
Од СДСМ, пак со предупредување- да не се поминуваат роковите и да се почитуваат препораките од Брисел.
Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји минатата недела во Скопје рече дека добар сигнал за Европската унија ќе биде и доколку Законот за јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.
Марина Стојанова- Тонева
