Малигните заболувања- втора причина за смртност во светот
Според податоците на светската здравствена организација, со раното откривање, правилното дијагностицирање и третман, до 2025 година можат да се спречат 1,5 милиони смртни случаи...

По 800 пациенти годишно заболуваат од рак на белите дробови, по 750 пациентки од рак на дојка. Ова се фрапантните податоци што се објавуваат во неделата на борбата против болеста. Од здружението „Животна искра“ велат дека стандардна терапија за лекување има, но бараат на позитивната листа да ги има и новите современи лекови.
„Апелираме до министерството за здравство и до фондот за здравство бидејќи сега се формирани комисиите за проширување на позитивната листа, што поскоро да ги внесат овие современи лекови што се достапни и евтини, а ги нема, за да можат пациентите успешно се лекуваат“, изјави Теута Крашница- Чучкова, од антиканцер здружението „Животна искра“.
Најголем причинител за канцерот е пушењето. Малигните заболувања се втора причина за смртност во светот. Според податоците на светската здравствена организација, со раното откривање, правилното дијагностицирање и третман, до 2025 година можат да се спречат 1,5 милиони смртни случаи.
„Треба многу да се внимава на своето здравје, редовно да се оди на контроли, редовно да се оди на мамографија, зборувам за повозрасните жени, кога ќе наполни жената 40 години, таа навистина треба да има мамографски преглед, ехо преглед кај помладите“, вели Виолета Томовска, претседателка на антиканцер здружението „Животна искра“.
Во пресрет на меѓународниот ден на жената 8-ми март, подароци за пациентките болни од рак кои се лекуваат на клиниките.
Андријана Атанасовска
