44 милиони денари финансиска поддршка за рибниците
Во новата програмата за рибарство и годинава ќе се субвенционира производството на риба и инвестициите во порибувањето на езерата и реките. Финансиската поддршка за рибниците во 2020 година ќе биде 44 милиони денари.

Аквакултурата претставува одгледување, репродукција и исхрана на риби во рибници, полурибници, кафези, оризишта и други одгледувалишта на риба.
Зголемувањето на производство на риба е тренд во Европа и во светот заради заштита на природните ресурси и отворање на нови работни места.
За оваа година субвенциите се наменети за инвестиции во аквакултурата, за проширување, реконструкција и модернизација на постоечките и изградба на нови капацитети, за објекти за преработка на рибите и за нивно складирање и пакување.
За инвестиции во аквакултурата се предвидени средства во вкупен износ од 15 милиони, а за порибителен материјал 29 милиони денари.
Средствата се исплаќаат по принцип на ко-финансирање на 50 проценти од реализираните инвестиции кои можат да се зголемат до 65 отсто доколку се работи млади земјоделци и стопанства кое се наоѓа во ридско-планинските подрачја.
По склучување на договор со министерството исплатата на парите ќе се врши по завршувањето на активностите.
Методија Трајков
