Корупција

Ивановска: Ако се реши „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава

23.01.2020 12:21

Лани бил историски најголем бројот на претставки од граѓаните до ДКСК што покажува зголемување на јавната свест...

Ако се реши случајот „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава, но ќе се зголеми и довербата на граѓаните во институциите, изјави претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска. 

„За жал, ни се случи тешка и лоша работа минатата година, случајот „Рекет“ кој многу придонесе да се влоши перцепцијата за корупцијата во нашата држава. Добро е што се работи на овој случај, а уште подобро ќе биде ако се сработи, па луѓето малку да ја променат перцепцијата, да ја зголемат довербата во институциите“, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Лани бил историски најголем бројот на претставки од граѓаните до ДКСК што покажува зголемување на јавната свест, а исчекор има и во работата на институциите иако тука има уште многу простор за подобрување.