МЕПСО ја почна модернизацијата на трафостаницата „Скопје 4“, инвестиција од 4,9 милиони евра

23.01.2020 13:40

Оваа трафостаница е најзначајна за метрополата затоа што преку неа се напојуваат помали трафостаници што покриваат 70% од потребите на градот, вклучувајќи ја и зоната „Бунарџик“.

Државната енергетска компанија МЕПСО ја започна модернизацијата и ревитализацијата на трафостаницата „Скопје 4“. Инвестицијата од 4,9 милиони евра е поддржана преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Изведувач на работите е „Кончар“ од Хрватска, кој има ангажирано и повеќе македонски фирми како подизведувачи.

Оваа трафостаница е најзначајна за метрополата затоа што преку неа се напојуваат помали трафостаници што покриваат 70% од потребите на градот, вклучувајќи ја и зоната „Бунарџик“.

Се очекува работите да завршат до мај 2021-ва година, но и порано, затоа што целопкупната опрема е веќе пристигната.