Шпанија: Жртви во силното невреме во источните делови

23.01.2020 11:43

Досега се потврдени 9 смртни случаи. Жртвите починале од хипотермија, удар при уривање на објект, и давење. За исчезнати се водат 4 лица, меѓу кои и 25-годишен Британец кој последен пат бил виден на крајбрежјето во Каталонија.

Поројни дождови и снег на истокот на Шпанија. Бурата „Глорија“, која пристигна од Франција, донесе и ветришта од 100 километри на час кои предизвикаа бранови високи и над десет метри.

Досега се потврдени 9 смртни случаи. Жртвите починале од хипотермија, удар при уривање на објект, и давење. За исчезнати се водат 4 лица, меѓу кои и 25-годишен Британец кој последен пат бил виден на крајбрежјето во Каталонија. Опасна разбрануваност и на Балеарските острови. На истокот на Пиринеите се затворени сите скијачки центри.

Метеоролозите најавуваат ублажување на временските услови, но во делови од земјата остануваат активни жолтото и портокаловото предупредување. Мрежата „МедЕКК“, која опфаќа околу 600 научници од медитеранските земји, предупреди дека поројните дождови во регионот ќе се зголемат до 20 % поради климатските промени.

Во септемвриските поплави на југоистокот загинаа седуммина, а во 2018 година, невремето на Мајорка усмрти 13 луѓе.