Австралија: Се урна авион за гаснење пожар во Нов Јужен Велс

23.01.2020 13:05

Поради нов огнен појас беше евакуиран дел од населението во Канбера. Поројните дождови и невремето не успеаја целосно да ги изгаснат пожарите на југоистокот поради високите температури.

Авион за гаснење пожари се урна во планинска област во австралиската држава Нов Јужен Велс. Локалните власти тврдат дека ја загубиле врската со Ц-130 Херкулес. Во тек е истрага за причините за несреќата.

Поради нов огнен појас беше евакуиран дел од населението во Канбера. Поројните дождови и невремето не успеаја целосно да ги изгаснат пожарите на југоистокот поради високите температури.

Во Сиднеј и Мелбурн е изменерено големо аерозагадување. Од септември досега загинаа 29 луѓе.