САД: Демократите отфрлија замена на сведоци за судењето за импичмент на Трамп
Законодавците кои се обидуваат да го тргнат од функција челникот на Белата куќа се надеваат да слушнат сведочење од неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон.
Американските демократи против замена на сведоци со републиканците во судењето за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Законодавците кои се обидуваат да го тргнат од функција челникот на Белата куќа се надеваат да слушнат сведочење од неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон.
Но, демократите не се согласија да му дозволат на синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден да биде повикан како сведок. Трамп се товари за злоупотреба на функцијата и попречување на истрагата на Конгресот. Тој и натаму негира каква било вина.
Претставничкиот дом има рок од три дена да го подготви случајот и да ги претстави аргументите во Сенатот. Тимот на Трамп ќе има ист толкав период потоа да ги изнесе своите ставови.
Ова е трет случај во американската историја претседателот на државата да се соочува со можно отповикување.
