Мицкоски ги претстави забелешките за Предлог- законот за јавно обвинителство

23.01.2020 15:07

Анализите покажале дека власта турка антиуставен закон, спротивен на Кривичното право. Како што рече Мицкоски, повторно се предлага формирање посебно обвинителство со високи плати и со додатоци за привилегирани обвинители, а на штета на обвинителите во редовното обвинителство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги претстави забелешките за Предлог-законот за јавно обвинителство. Анализите покажале дека власта турка антиуставен закон, спротивен на Кривичното право. Како што рече Мицкоски, повторно се предлага формирање посебно обвинителство со високи плати и со додатоци за привилегирани обвинители, а на штета на обвинителите во редовното обвинителство.

Очигледен е очајничкиот потег на предлагачот да ги озакони незаконските постапки на актуелниот републички јавен обвинител кој незаконски, но фактички ги внесе овие постапки во делокругот на работата на јавното обвинителство. И со овој закон практично во тек на постапка се сака да се озакони она кое што незаконски беше направено односно преносот на процесите од СЈО во редовното ЈО. Да бидеме на јасно- закон со кој што ќе се амнестира криминал ниту преговарам, ниту пак прифаќам“, нагласи Мицкоски.

Ова не е закон кој треба да донесе правда, туку закон со кој се сака да се заштити хибридниот режим на Заев. Со ваквиот антиевропски закон со кој не се почитуваат ниту мислењата на релевантните меѓународни тела, впрочем Заев ја оддалечува земјава од европскиот пат- вели лидерот на опозициската партија.