Собрание

Кирацовски: Советот за надзор не функционира

23.01.2020 15:56

Една година од формирањето, сѐ уште не профункционирал Советот за граѓански надзор за спроведување на мерките за следење на комуникациите. Средствата се обезбедени, но се замрзнати, бидејќи спикерот Џафери се прогласува за ненадлежен за нивната распределба. Александар Кирацовски од СДСМ, во Собранието поднесе автентично толкување на Законот за следење на комуникациите. Во Законот не е пропишана методологија за трошење на парите- одговори спикерот Џафери...

Една година откако е формиран, Граѓанскиот совет за надзор на следењето на комуникациите, сеуште е нефункционален. Парите се проблем. Префрлени од буџетот во Собранието, но спикерот Џафери не ги прераспределува на Советот. Пратеникот Кирацовски од СДСМ поднесе автентично толкување на Законот за следење на комуникациите и бара подршка од сите пратеници со цел Советот да профунциониира особено, што во изминатиот период, како што рече имало незаконско прислушување.

Претседателката на Граѓанскиот совет, Цаца Николовска апелира на фунционирање на законите, а не само нивно носење. Смета дека за работа на телото не е доволно само да се има канцеларија.

Спикерот Џафери- вели нема методологија за трошење на парите. Дециден е дека нема да дозволи, како што вели, кршење на законите и Уставот, а пратениците да го доработат законот во делот на распределба на парите.

Законот за следење на комуникациите беше донесен со двотретинско мнозинство и како еден од условите за нашите евроатлански аспирации.

Миле Ристески