Швајцарските експерти тврдат

Окрупнувањето ќе му помогне на договореното производство

06.03.2014 17:13

Швајцарските искуства од договорното производство пред македонските фармери и преработувачи. Еден од приоритетите за зголемување на бројот на договори меѓу двете страни е окрупнувањето. Ова беше истакнато на денешната работилница во Струмица организирана од Македонската асоцијација на преработувачи и швајцарската агенција СИБО. Правилата мора да се постават и да се почитуваат, велат експертите.

Расцепканоста на македонското земјоделство еден од проблемите за заживување на договорното производство. Швајцарските експерти се децидни дека, откупувачите сакаат да набават големи количини овошје и зеленчук од помал број на коминтенти. Затоа, задругарството ќе претставува чекор поблиску до целосна имплементација на кооперантското производство.

Не може да се постигне некаква голема ефективност кога се работи со голем број на производители. Оттаму е и одговорноста на земјоделците самите да се организираат, вели Беат Ходлер, земјоделски консултант од Швајцарија.

Минатата година, македонските преработувачи се жалеа дека имаат недостиг на суровина, зашто овошјето и зеленчукот свежи заминуваа надвор. Земјоделците пак се жалеа конзервните фабрики давале ниска откупна цена. Консултатнтите сметаат дека, соломонското решение е однапред определен буџет и количества за откуп.

Во случај ако имаме вишок на производство, на пример од 50, гледаме колку може да компензираме врз основа на планираниот буџет, додава Ходлер.

И македонските земјоделци согласни дека задругарството може да им обезбеди подобар пласман и подобра откупна цена на производството.

Ние како земјоделска задруга оваа година заминавме чекор напред во сорабнотката со преработувачките капацитети. Продадовмне 450- 500 тони, објаснува Драги Памуков од земјоделскат задруга Вегефреш од Куклиш.

Од Македонската асоцијацја на преработувачи немаат конкретна бројка за ланскиот износ на договорното производство, во секој случај велат, дека има голем напредок на овој план.

 

Катерина Дафчева