Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во посета на Скопје

24.01.2020 10:01

Претседателот Пендаровски ќе биде негов домаќин, а попладнево по тет-а-тет средбите ќе имаат и прес- конфренција. Мишел доаѓа во земјава со став дека до мај, до самитот во Загреб, треба јасно да се разгледа како ќе изгледа реформата на ЕУ...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска во Скопје. Ќе има средби со државниот врв во земјава. Ќе разговара за новата методологија на преговарање и текот на реформскиот процес.

Претседателот Пендаровски ќе биде негов домаќин, а попладнево по тет- а- тет средбите ќе имаат и пресконфренција.

Мишел доаѓа во земјава со став дека до мај, до самитот во Загреб, треба јасно да се разгледа како ќе изгледа реформата на ЕУ и дали тоа е формален услов за согласност на Унијата да ги почне преговорите со државава и со Албанија.