СЗО: Премногу рано е да се прогласи епидемија на Коронавирусот

24.01.2020 10:16

Кина го проширува радиусот на областа која ја става во карантин во провинцијата Хубеи каде што се појави вирусот кој усмрти 26 луѓе. Најмалку 10 градови во регионот на централиот дел на земјата со 60 милиони жители воведоа забрана за патување.

Светската здравствена организација тврди дека е прерано да се прогласи епидемија на Коронавирусот на светско ниво. Уверуваат- ситуацијата се следи во секоја минута.

Кина го проширува радиусот на областа која ја става во карантин во провинцијата Хубеи каде што се појави вирусот кој усмрти 26 луѓе. Најмалку 10 градови во регионот на централиот дел на земјата со 60 милиони жители воведоа забрана за патување.

Досега се инфицирани 830 луѓе. Во градот Вухан се гради и нова болница за хоспитализирање на пациентите. Поради заболувањето се откажани настаните за лунарната Нова година.

Регистрирани случаи на Корона има и во други земји низ Азија и во САД.