Привршува откупот на тутун
Добриот квалитет на тутунот ја зголеми откупната цена. Досега се предадени повеќе од 90 проценти од производството, а поголемиот дел е проценет со прва и со втора класа. Според експертите, се очекува сезоната за преземање на родот да заврши до крајот на овој месец иако законскиот рок истекува во февруари.

Од планираните 26.000 тони досега се откупени повеќе од 90 проценти, или скоро 22000 тони тутун. Просечната откупна цена изнесува 222,2 денари за килограм и е највисока во последните шест години.
Деветте монополи исплаќаат во предвиденте рокови, па дури и порано. Вредноста на превземениот тутун е над 4,5 милијарди денари, од кои поголемиот дел се веќе на сметките на тутунопроизводителите.
Годинашнава реколта е со висок квалитет и главно се проценува со прва и со втора класа.
Годинава биле засадени 13.300 хектари со тутун и се склучени 32.800 договори. Вкупното производство се проценува на 26.000 тони, што е за 6 отсто повеќе од лани.
Се укинуваат и евидентните листови, односно договорите ќе се склучуваат директно со монополите.
По откупот тутунарите треба да ги добијат добијат субвенции од 80 денари за килограм прва, 70 денари за втора, и 60 денари за трета класа.
Методија Трајков
