ШПАНИЈА
11 жртви во бурата „Глорија“
24.01.2020 09:57
Невремето предизвика штета во вредност од милиони евра. Уништен е голем дел од инфраструктурата...
Единаесет луѓе загинаа во бурата „Глорија“ во источна Шпанија, а спасувачките екипи трагаат по тројца исчезнати на Мајорка и Ибица.
Невремето предизвика штета во вредност од милиони евра. Уништен е голем дел од инфраструктурата, земјоделските површини и станбени и деловни објекти.
