ТУРЦИЈА

Средба Ердоган- Меркел во Истанбул

24.01.2020 10:39

Главна тема се билатералните односи, но агендата опфаќа и точки за германското претседавање со Европската унија кое го презема во јули...

Германската канцеларка Ангела Mеркел е во посета на Турција на покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Безбедносните мерки се зголемени во Истанбул  каде што се закажани неколку состаноци.

Главна тема се билатералните односи, но агендата опфаќа и точки за германското претседавање со Европската унија кое го презема во јули, односите меѓу Анкара и Брисел, како и пристапниот процес на Турција во блокот.

Од меѓународните прашања во фокусот се Либија и Сиријa.