Договорот за Брегзит одобрен од Европскиот Парламент
Претходно британскиот парламент конечно го прифати договорот за излез од ЕУ. А со потписот од Кралицата Елизабета Втора, законот доби правна сила. Официјалното излегување следи по преодниот период што ќе трае до крајот на годината.

Со 23 гласаа „за“ и 3 „против“, Комитетот за уставни работи на Европскиот парламент го одобри Договорот за Брегзит. На 29 јануари текстот со кој се уредува методот на кој Обединетото Кралство ќе се раздели од Европската Унија ќе биде доставен до сите европратеници. Со тоа официјално ќе се потврди излезот на Велика Британија од блокот на 31 јануари.
Претходно британскиот парламент конечно го прифати договорот за излез од ЕУ. А со потписот од Кралицата Елизабета Втора, законот доби правна сила. Официјалното излегување следи по преодниот период што ќе трае до крајот на годината.
Во меѓувреме, Велика Британија ќе продолжи да ги применува правилата на ЕУ, но нема да учествува во заедничките одлуки.
