Средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство во Собранието

24.01.2020 12:04

Поканети се претставници на сите пратенички групи, потврдија за МТВ од Министерството за правда. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, вчера излегоа со своите позиции за предложеното законско решение...

Во Собранието попладне средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство. Поканети се претставници на сите пратенички групи, потврдија за МТВ од Министерството за правда.

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, вчера излегоа со своите позиции за предложеното законско решение. Од опозициската партија инсистираат да се прифатат нивните забелешки и предлози, бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и обвинителството се става под контрола на власта. Заев, пак, смета дека не држат тезите оти преку предлогот се прават обиди за амнестирање и да се скрие криминал на актуелната власт.

Прашањето за Законот за јавно обвинителство повторно се актуелизира по неодамнешната посета на еврокомесарот Вархеjи, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе законот.