ВАШИНГТОН
Трамп најавува план за Блискиот исток
24.01.2020 12:39
Трамп ги покани израелскиот премиер и лидерот на опозицијата во Белата куќа во вторник каде што ќе биде претставенa долгоочекуваната визија за завршување на израелско-палестинскиот конфликт.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги покани израелскиот премиер и лидерот на опозицијата во Белата куќа во вторник каде што ќе биде претставенa долгоочекуваната визија за завршување на израелско-палестинскиот конфликт.
Планот за Блискиот исток ќе биде објавен пред средбата. Посетата на Вашингтон би се одржала пред претстојните, трети по ред, избори во Израел во период од една година.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху се обидува да формира мнозинска коалиција и да добие имунитет за судењата во кои се товари за измама и корупција.
