ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ја покрие неспособноста на нивните градоначалници

24.01.2020 12:50

Станува збор за поголем број на јавни претпријатија од различни општини ширум државата кои откако пред речиси една година добија финансиска помош од централната власт и подмирување на долговите, сега за само една измината година, повторно се заглавени до гуша во долгови, изјави пратеникот Зоран Илиоски.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предлогот на власта за усвојување на Предлог- законот за отпис на долгови. Од партијата сметаат дека СДСМ сака да ја покрие неспособноста на нивните градоначалници, иако пред една година на општините им беа простени направените долгови.

Станува збор за поголем број на јавни претпријатија од различни општини ширум државата кои откако пред речиси една година добија финансиска помош од централната власт и подмирување на долговите, сега за само една измината година, повторно се заглавени до гуша во долгови, изјави пратеникот Зоран Илиоски.

Нема да бидеме соучесници во овој грабеж на народните пари кој што СДСМ има намера да го спроведе, се со цел заштита на своите неспособни кадри и директори, како и предизборни и изборни манипулации, поткуп и купување на гласачи- нагласи Илиоски.