Антикорупционерите не успеваат да ги уверат граѓаните дека корпцијата не е исплатлива
По направените анализи, невладиниот сектор тврди дека Антикорпционерите сѐ уште не успеваат да ги уверат граѓаните дека корпцијата не е исплатлива. Одлуките што досега ги имаат донесено најмногу се однесуваат на предмети од јавните услуги и образованието. Голем дел од постапките, над 200, се запрени од различни причини а изречена е само една јван опомена- покажува анализата...
Антикокорупционерите сѐ уште не успеаваат да ги уверат граѓаните дека корупцијата не е е исплатлива, што според невладините е клучната порака која треба да се испрати преку донесените одлуки. Добро е што најголемиот дел од предметите ги повеле по своја иницијатива, но во периодот од март до септември минатата година, од сработените 273 предмети, само во 4 проценти утврдиле корупција или судир на интереси, покажува извештајот на Платформата од невладини организации. Тие препорачуваат Антикорупциска да создаде критериум за упатување на дел од предметите на други институции, дури и на самите институции на кои се однесува пријавата за да им се зајакне внатрешната отпорност спрема корупцијата.
Повредите на пример во правосудството се во однос на вработувањето додека во бизнисот на регулативата. Законите за градежништво се сменети неколку пати, што не е случај со друга област, на пример. Во најсензибилниот период, изборниот, за време на локалните и претседалските избори биле поднесени 22 приговори.
Антикорупциска за еден случај постапувала во просек по 2 месеца и 18 дена. Во периодот опфатен со извештајот одржале 22 седници и донесле 273 одлуки, 208 од нив запрела, 65 продолжиле. Во една петтина од нив одлучиле дека нема доволно податоци или елементи за покренување постапка.
Фиљана Кока
