Здравство

Расте бројот на болни од грип, граѓаните да се вакцинираат

24.01.2020 13:29

Според податоците, кај 14 лица кои се хоспитализирани грипот направил компликации, а пет имаат свински грип.

Расте бројот на заболени од грип во земјава, само една недела над 1.100 регистрирани велат од Институтот за јавно здравје. Инфектолозите препорачуваат граѓаните да се вакцинираат, болните деца да не се носат во градинка.

Според податоците, кај 14 лица кои се хоспитализирани грипот направил компликации, а пет имаат свински грип.

Од Институтот велат дека зголемен број на заболени се очекува во февруари. Лани имало над 20 илјади случаи на заболени со оваа инфективна болест.