Продолжува судскиот процес за „Претседавач“

06.03.2014 17:22

Судскиот процес за случајот „Претседавач“ продолжи со распитот на првообвинетиот Мирослав Шиповиќ.

За разлика од обвинителството,  кое него и останатите 11 обвинети ги товари дека ја злоупотребиле службената положба, тој тврдеше дека ниту избегнале да платат данок од 17 милиони денари, ниту ја оштетиле фирмата за 64 милиони денари.
 
Напротив давајќи го расходованото железо бил расчистен просторот којшто потоа бил даван на Биметали како магацински простор, од што се здобиле со корист од 100 илјади евра и успеале да се раздолжат кон УЈП како и да се ослободат од давачки за камати.
 
Шиповиќ негираше дека бил запознаен за донесени решенија од надлежен суд за забрана за располагање со имотот на АД „Машинопромет“.
 
Неговиот бранител Стерјо Зиков пак, имаше свое објаснување за што станува збор.
 
„Постојат две решенија. Едното е во кривичниот предмет којшто се води против поранешните управители и фунцкиониери во Машинопромет и тоа се однесува за забрана за продавање на недвижниот имот на Машинопромент, а второто е забрана во стечајна постапка, а тоа стечајно побарување го откупи фирмата на Шиповиќ“, вели адвокатот на првообвинетиот, Стерјо Зиков.
 
 
Фиљана Кока