МНР со препораки за граѓаните кои планираат да патуваат во Кина
24.01.2020 14:14
Заради брзото ширење на Корона вирусот, препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти...

Министерството за надворешни работи испрати препораки за нашите граѓани кои планирааат да патуваат во Кина.
Заради брзото ширење на Корона вирусот, препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти, со ограничување на движењето и затворање на железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт.
За подетални информации македонските граѓани можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг, телефонски или преку електронска пошта.
