Повратниците од европските држави потешко се интегрираат во општеството
Оние што се враќаат од европските држави потешко се интегрираат во општеството, се соочуваат со поголеми проблеми од причините поради кои си заминале од земјава. Потребна е национална стратегија со која на вакви случаи ќе им се пристапи поединечно, велат познавачите. Според надлежните, има тренд на намалување на барателите на азил во странство...
Проблемите на повратниците од европските држави се поголеми од оние поради кои заминале од матичната држава. Без разлика дали доброволно или по пат на реадмисија, оваа група на граѓани со има тешкотии да се реинтегрираат во опшеството, заклучок на јавната расправа во Собранието. Констатирано оти недостига државна стратегија и на случаите им се пристапува поединечно. Сиромаштијата и дискриминацијата по етничка, но и по политичка припадност, се најчестите причини за заминување, појаснуваат од Институтот за европски политики.
Пратеникот Самка Ибраимовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, оценува дека најголем проблем е обемната бирократија во остварувањето на правата на граѓаните.Тој смета дека не постои реална политичка волја за надминување на проблемите.
Забелешка во однос на комуникациите со релевантните институции има и преставничката од МВР, Снежана Трајковска. Таа рече дека со странските институции комунцираат непосредно и брзо ги решаваат проблемите, но во нашата земја за сè треба да добијат одобрение од министерот или од директорот.
Трајковска рече дека изминативе години заблежан е тренд на намалување на барателите на азил во странство, но тоа се должи пред сѐ на забрзаните постапки и на рестрикција на финасиските срества за време на процесот.
Марина Стојанова- Тонева
