Макрадули: Повеќе се извезува отпад, отколку што се увезува
Земјава повеќе извезува отколку што увезува отпад, тврди заменик- министерот за животна средина. Макрадули уверува- се работи легално...
Во земјава не може да се увезе отпад за да се складира, единствено се увезува за да се преработи, тврди заменик- министерот за животна средина. Макрадули вели, количествата на увезен отпад се драстично намалени.
„Република Северна Македонија е дел од еден систем наречен Базелска конвенција, меѓународни ратификации. Ние сме потписници на Договорот за стабилизација и асоцијација. Ги хармонизираме законодавствата и ние не можеме да бидеме надвор од европските стандарди. Ние мораме да изградиме систем на враќање доверба во институциите“, изјави денеска заменик- министерот Макрадули.
Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, увезениот отпад не бил предмет на депонирање во „Дрисла“.
