Стартуваат превентивните мерки против Коронавирусот
Од денеска со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина, каде што е жариштето на корона вирусот. Ова е превентивната мерка што ја воведе Комисијата за заразни болести. Надлежните велат дека нема простор за паника. На аеродоромот ќе има и лекарски екипи кои ќе вршат прегледи...
Нема простор за паника од Коронавирусот во земјава, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Стартуваат превентивни мерки – на аеродромот со термална камера ќе се скенираат патниците, и тоа само од летовите од Истанбул и од Дубаи, кои имаат врска со Кина од каде е жариштето на вирусот. Лекарски екипи ќе вршат преглед.
Епидемиолошката служба во државата е ставена во целосна подготвеност, Инфективната клиника може да одговори со сите свои капацитети на сегашниот предизвик, доколку има потреба, тврди министерот Филипче. Доколку е неопходно, ќе се инервенира во набавка или доопремување и во дополнителни екипи.
Здравствените власти посочија дека вирусот давал слични симптоми на грипот, може да помине со лесна, средна, но и со тешка форма, каде може да настапи и смрт.
Најчувствителни се постари пациенти со намален имунитет и со хронични заболувања. Во однос на пристигнувањето на вирусот преку стоката, епидемиолозите сметаат дека тоа било невозможно. Доктор Караџовски посочи дека во моментот вакцини нема, а најважна е превенцијата и заштитата од вирусот.
