Кина: 80 мртви од Коронавирусот
Вухан, кој е почетното жариште на епидемијата е под карантин, а во меѓувреме, уште десетина градови воведоа забрана и ограничување за патувањата.
80 луѓе ја загубија битката со коронавирусот, а над 3000 се заразени. Повеќето од жртвите биле повозрасни лица или луѓе со претходни респираторни проблеми. Кинеските власти ги продолжија празниците за Лунарната нова година до 2 февруари.
Вухан, кој е почетното жариште на епидемијата е под карантин, а во меѓувреме, уште десетина градови воведоа забрана и ограничување за патувањата.
„Превенцијата и контролата на епидемијата е критична. Неопходно е да ги мобилизираме заедниците, да воведеме следење и мрежно менаџирање, да бидеме сигурни дека секое домаќинство и поединец целосно ги применува мерките за превенција и контрола“, изјави Хе Кингуа, инспектор во Здравствената комисија за контрола и превенција.
Над 40 случаи се регистрирани и во неколку други земји на европскиот и американскиот континент. Коронавирусот предизвикува инфекција на дишните патишта и здравствените власти се обидуваат да создадат вакцина. Најголем од починати се постари луѓе или луѓе со хронични болести.
