Земјоделство

Дополнителни субвенции за замена на житни култури со нови насади

27.01.2020 10:28

Земјоделците што ќе решат да ги заменат житните култури со попрофитабилни насади, го остваруваат условот за користење на дополнителни субвенции. За оваа намена ќе се добива 30 проценти поголема финансиска поддршка за период од 5 години...

На дополнителни субвенции имаат право земјоделците кои произведуваат  жита и кои сакаат да ја променат културата во градинарство на отворено, пластеници, и во овоштарници и лозја.

Право на овие пари имаат и земјоделските стопанства веќе имаат мешани насади односно освен пченица или друг вид на житна одгледуваат и градинарски, овошни и лозови насади.

Вкупната површина на стопанството не треба да биде поголема од 5 хектари, и да добивале субвенции само за житните култури во последните 3 години.

Висината на дополнителната финансиската поддршка изнесува 30 проценти од основната субвенција за градинарство,овоштарство и лозарство.

Парите земјоделците ќе ги добиваат во рок од пет години од замената на производството.

Доколку постоечките овошни и лозови насади овоштарите се решат да ги обноват со нови сорти можат да побараат и дополнителни од 4.500 до 9.900 денари за хектар во зависност од видот на културата.

 

Методија Трајков