Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура
Премиерот Оливер Спасовски вели дека Законот за јавно обвинителство ќе биде доставен до Собранието и ги повика пратениците од опозицијата да прекинат со партиски калкулации, и државните да ги стават пред личните интереси. Од ВМРО–ДПМНЕ одговор, немаме намера да го кочиме процесот, но тој мора да биде во интерес на граѓаните, а не во заштита на криминалот...

Сега е моментот сите политички партии да бидат на висината на сопствената должност и да преземеме одговорност за иднината на државата како членка на ЕУ и за правдата. Премиерот Спасовски го охрабрува дијалогот за носење на Законот за јавно обвинителство. Упати посебен апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, да се престане со партиски калкулации и политиканство и да го поддржат законот. Спасовски нагласи дека иако Брисел не го постави донесувањето на Законот за јавно обвинителство како услов, неговото усвојување ќе биде потребено за да се почне со преговорите што е можно поскоро.
Ги повикуваме Оливер Спасовски и СДСМ да престанат да го штитат криминалот на власта. ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го кочи носењето на законот, но тој мора да биде во интерес на граѓаните. Од партијата тврдат дека власта сака да го воскресне СЈО. Мора да има неселективна правда, рече портпаролот Арсовски.
Во вторник треба да се одржи јавната расправа за Законот за јавно обвинителство, а ќе ја организира Комисијата за политички систем. Поканети ќе бидат државниот обвинител Љубомир Јовески, домашни и странски експерти и меѓународни претставници. Се најавува дека гласањето ќе биде најдоцна до 11-ти февруари, ден пред распишувањето на предвермените парламнетарни избори.
Милчо Велески
