Собранието ќе одржи две седници
Пред пратенците ќе се најдат и Предлог- законите за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија...

Законодавниот дом денеска треба да одржи две пленарни сесии на кои што се повеќе законски предлози, по скратена постапка. Меѓу другите точки на седниците се наоѓаат и Предлог- законите за изменување и дополнување на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица, на Законот за инвалидски организации, Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за волонтерството, за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, и на Законот за заштита од вознемирување на работно место, сите по скратена постапка.
Пред пратенците ќе се најдат и Предлог- законите за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, за субвенциониран студентски оброк, и за изменување на Законот за управување со отпад, сите по скратена постапка.
