Светот му оддава почит на кошаркарскиот ас Коби Брајант
Во леталото коешто се урна, па опожари во Калабаса, Калифорнија се превезувале уште осумммина, вклучувајќи ја и неговата најстара ќерка. Доделувањето на музичките награди „Греми“ што се одржа во Стејплс центар – домот на Лос Анџелес Лејкерс - почна во знакот на неговите лик и дело.
Светот му оддава почит на легендарниот кошаркар Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа на 41-годишна возраст. Во леталото коешто се урна, па опожари во Калабаса, Калифорнија се превезувале уште осумммина, вклучувајќи ја и неговата најстара ќерка. Доделувањето на музичките награди „Греми“ што се одржа во Стејплс центар – домот на Лос Анџелес Лејкерс - почна во знакот на неговите лик и дело.
„За мене тој беше градоначалникот на Лос Анџелес. За многумина денеска умре дел од градот. Ова е тежок ден. Знам дека ќе плачам многу во наредниот период.“
„Трагедиите се случуваат неочеквано, особено ако е некој што го сакаме. Коби е Лос Анџелес, иако е од Филаделфија. Тој беше во Шпанија, патуваше, но пак е од овој град. Треба да му се даде трофеј, да му направиме статуа.“
На 18-годишна возраст, Брајант стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата. А на 34 - најмладиот кошаркар кој постигнал 3.000 поени. За Лејкерси играше две децении. Со репрезентатцвијата на САД освои златни медали на Олимпијадите во Пекинг во 2008 година, и во Лондон 4 години подоцна.
