Ракетирана Американска амбасада во Багдад
Во ирачката престолнина продолжуваат протестите против корупцијата и мешањето на странските сили во внатрешните работи, како и против американското воено присуство во земјата...
Неколкумина ранети при ракетен напад во близина на американската амбасада во Багдад. Три проектили ја погодиле инсталацијата на зградата, додека една паднала во ресторанот на амбасадата.
Во ирачката престолнина продолжуваат протестите против корупцијата и мешањето на странските сили во внатрешните работи, како и против американското воено присуство во земјата. На последните собири се повредени над 20 демонстранти. Сега протестираат и против одлуката на шиитските свештеници да ја повлечат поддршката за движењето.
„Отстранувањето на шаторите од плоштадот не не премисли. Всушност, секој тргнат шатор го заменивме со два- три нови на негово место. Секој шатор е дуплиран, гледате дека сега има повеќе“, изјави Манкид Мундир, демонстрант.
Премиерот Адел Абдул Махди најави дополнителни мерки за заштита на дипломатските претставништа во земјата. Ова беше трет ваков напад во овој месец.
