Коронавирусот се шири без видливи симптоми
Осумдесет луѓе досега ја загубија битката со Коронавуирусот, а над 3.000 се заразени. Од Кина вирусот се прошири на неколку континенти и веќе се регистирирани над 40 случаи на заболени од вирусот...
Осумдесетина ја загубија битката со Коронавирусот, а речиси 3.000 се заразени од новиот тип кој се шири и без видливи симптоми. Повеќето од нив биле повозрасни лица или луѓе со претходни респираторни проблеми. Кинеските власти ги продолжија празниците за Лунарната нова година до 2-ри февруари. Вухан кој е почетното жариште на епидемијата е под карантин, а во меѓувреме, уште десетина градови воведоа забрана и ограничување за патувањата.
„Превенцијата и контролата на епидемијата е критична. Неопходно е да ги мобилизираме заедниците, да воведеме следење и мрежно менаџирање, да бидеме сигурни дека секое домаќинство и поединец целосно ги применува мерките за превенција и контрола“, изјави Хе Кингуа, инспектор во Здравствената комисија за контрола и превенција.
Над 40 случаи се регистрирани и на европскиот, американскиот и австралискиот континент.
„Зголемени се граничните мерки. Како што претходно советувавме, секој лет од Кина минува кај агентите за гранична безбедност кои влегуваат во авионите и даваат информации на секој патник, обидувајќи се да го идентификуваат секој со влошена состојба“, изјави Брендан Марфи, главен претставик на здравството.
„Сите се со маски, вклучувајќи го и екипажот. Полицаец нè пречека и ни даде информативен леток. Лекар нè набљудуваше додека поминувавме.“
Иако во Кина годинава се откажуваат сите настани за одбележување на Лунарната нова година, некои европски престолнини решија да слават. Други се откажаа во последен миг.
„Сите се исплашени, оваа година треба да е среќна бидејќи му припаѓа на стаорецот, првиот од дванаесетте животни. Вообичаено значи среќа, но видете сега како овој вирус расипа се.“
„Вообичаено се собираат семејствата, луѓето излегуваат да се веселат. Новата година е многу важна за нас. Таа традиција трае со векови.“
„Од кинеската заедница добиваме информации дека Французите со азиско потекло се стигматизирани во јавниот транспорт, чувствуваме психоза која е можеби и неоснована и неаргументирана.“
Не постојат вакцини за новиот Короновирус кој наликува најмногу на САРС кој во периодот од 2002 до 2003 усмрти стотици во Кина и во Хонгконг.
Маја С. Филдишев
