Економија

Регистар на сопственици од средината на февруари

27.01.2020 14:40

Регистарот на сопственици ќе почне да функционира од средината на февруари. Сите регистрирани субјекти во рок од три месеци ќе треба да ги внесат своите податоци. Од Централниот регистар кој одбележа 18 години работа најавија низа бесплатни услуги за корисниците преку каталогот- заедничка платформа со Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување...

Кои се вистинските сопственици на фирмите? Од средината на февруарИ правните субјекти ќе имаат рок од три месеци да ги ажурираат податоците за сопственичката структура, ако не ги обелоденат ќе бидат казнети со закон. Регистарот кој ќе биде јавно достапен е обврска согласно Законот за спречување перење пари, дел од европската директива.

Иако требаше да биде готов до ноември минатата година, според Централниот регистар, сложените административни процедурти ја одложиле примената. Директорката најавува нов портал со низа бепсплатни услуги, заедничка платформа со Упрвата за јавни приходи и Агенцијата за вработување, проект на барање на деловната заедница.

Бизнисот чека и на единствениот регистар на обезбедени трансакции (податоци за залог, лизинг и слично) што според надлежните треба да го олеснат прстапот до кредитирање на деловната заедница. Лани биле регистрирани 6.200 нови фирми кои почнувале бизнис.

Во рамки на Европската асоцијација на бизнис регистри, Централниот регистар работи на хармонизација со европските директиви и новата директива на трговско право и отворени подтаоци.

 

Сузана Фиданска- Стоевска