Ќе го поддржи ли Брисел барањето за економска изолација на Русија?
06.03.2014 18:53
На вонреден состанок на лидерите на 28-те земји членки на Унијата, единствена тема е украинската криза, но и обидите на Брисел како да се постави кон Русија во однос на Крим, чија што власт денеска пак донесе одлука на рефендум да одлучи дали ќе остане во Украина или пак ќе се прикучи кон Русија.

Каков став ќе завземе Брисел во однос на американското барање за економска изолација на Русија и со какви економски мерки ќе и помогне на Украина се прашања за кои треба веднаш да се одговори.
Лидерите на 28-те земји членки на Унијата расправаат за тоа каков ќе биде заедничкиот одговор на руското распоредување на силите на украинскиот полуостров Крим. Според најавите Брисел е подготвен финасиски да и помогне на Украина но под јасен услов.
-„Финасискиот пакет од 11 милијарди евра ке бидат исплатени од европскиот буџет и другите институции. Но во земјата се нопходни реформи“, вели Жозе Мануел Баросо Претседател на ЕК
Пред лидерите на Европската Унијата се повеке опции за кој треба да одлучат Претходно министрите за надворешни работи највија целни мерки доколку Русија не ги врати своите трупи во касарните. За сега лидерите узразија желба Москава да ја придобијат во напорите за попуштање на напнатоста за да се избегне судирот
-„Треба се испрати јасна порака на Руската влада дека треба да седне на преговарачка маса со украинците , и дека Унијата ке и помогне на Украина“, изјави Дејвид Камерон премиер на В. Британија
Дел од земјите од балтикот се завземаат за остри сакции против русите а германците пак се уверени дека по дипломатијата ке се реши работата.
- „Однесувањето на Русија во Укарина е неприфатливо, и пред донесување на било каква одлука треба да и се даде шанса на дипломатијата“,Ангела Меркел канацалар на Германија
Во пакетот санкции се и можностите за сузпензија на визите со Москва како и воведување ембарго за увоз на оружје во Русија.
Во меѓувреме Кримскиот парламент донесе одлука дека ќе организира реферндум за припојување на полусотровот кон Русија.
-„Да не беа постојаните закнаи ос страна на актуелната укрaинска власт, можеби ке одберевме поинаков пат“- Сергеј Тсеков заменик претседател на парламентот Симеропол
Добрите познавачи на состојбите сметаат дека ваквата кримска одлука не ке беше донесена без одобрување на рускиот претседател, што потврди дека по окончувањето на студената војна, за прв пат поради кризата во Украина се продлабочи конфронатцијата меѓу истокот и западот.
Мирјана Василева
