САД: Демократите бараат сведочење од Болтон

27.01.2020 15:48

Американските медиуми објавија извадоци од сè уште необјавената книга на Болтон во која се наведува дека челникот на Белата куќа барал замрзнување на помош за Украина доколку не се спроведе истрага за неговиот опонент Џо Бајден.

Демократите повторно бараат сведочење од Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, во судењето за негово отповикување од функција.

Американските медиуми објавија извадоци од сè уште необјавената книга на Болтон во која се наведува дека челникот на Белата куќа барал замрзнување на помош за Украина доколку не се спроведе истрага за неговиот опонент Џо Бајден.

Трамп и натаму ги негира обвинувањата. Неговиот правен тим почна викендов да го претставува случајот на одбраната во Сенатот.