Над 100 починати од Коронавирусот, регистриран е првиот случај во Германија
28.01.2020 10:05
Корона вирусот предизвикува сериозни респираторни проблеми за кои засега нема ни лек, ни вакцина...

Над 100 починати од Коронавирусот, кој се појави во кинескиот град Вухан. Властите тврдат дека само за еден ден се удвоил бројот на заразени. Регистриран е првиот случај во Германија.
Се заоструваат ограничувањата за патување, а во неколку градови е задолжително носење маска. Корона вирусот предизвикува сериозни респираторни проблеми за кои засега нема ни лек, ни вакцина.
Повеќето од жртвите се повозрасни лица или луѓе кои веќе имале компликации со дишните патишта. Досега се пуштени од болничко лекување 60 луѓе.
