Ракомет

Лесно со Ловќен

06.03.2014 21:07

Со денешниот триумфален настап, македонскиот претставник ги зголеми шансите за учество на завршниот турнир во СЕХА друштвото...

За ракометарите на Вардар гостувањето кај Ловќен беше полесен тренинг. Македонскиот првак победи убедливо со 41-23 и се проби до третото место во СЕХА лигата. Десеттата победа во 16-от натпревар сезонава во регионалната конкуренција, црвено - црните ја остварија со сигурна и рутинска игра во целиот тек од средбата.

Блесна Лука Раковиќ со 11 гола од 12 удари, Добривоје Марковиќ имаше девет погодока, исто така со само едно промашување. Лазаров и Абутовиќ по четирипати ја затресоа мрежата на противничките голмани. Ангелов имаше извонреден процент на одбрани кај Вардар – фати десет од 18 топки.

Со денешниот триумфален настап, македонскиот претставник ги зголеми шансите за учество на завршниот турнир во СЕХА друштвото. Вардар сега има 31 бод, еден повеќе во однос на Мешков кој в недела ќе му гостува на Металург. ако загреб и Татран се далеку напред, се надеваме дека Вардар и Металург ќе ја потиснат белоруската екипа и дека ќе обезбедат место на турнирот во Нови Сад.