САД

Трамп ќе го објави мировниот план за Блискиот исток

28.01.2020 11:10

Се очекува заедничка прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток. Палестинските лидери тврдат дека е заговор против нивниот обид за создавање на независна држава.

Се очекува заедничка прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Палестинците се во неизвесност бидејќи со планот да бидат признаени окупираните територии на Западниот Брег како израелска територија, кои тие ги сметаат за дел од нивната идна држава.

Западниот Брег беше освоен од Израел во Арапско-израелската војна во 1967 година.