Ирак: Осуда за употребата на прекумерна сила кон демонстрантите
28.01.2020 11:41
Бараат темелна истрага за смртта на стотина луѓе кои беа убиени од октомври, но и почитување на слободата за собири и мирни протести.
Дипломатските претставници од 16 земји во Ирак го осудија употребувањето на прекумерна сила од страна на ирачките безбедносни единици кон демонстрантите. Бараат темелна истрага за смртта на стотина луѓе кои беа убиени од октомври, но и почитување на слободата за собири и мирни протести.
Антивладиното движење е резултат на високата стапка на невработеност, корпуцијата и влошената економска состојба. Според Светска банка, Ирак е 12. најкорумпирана земја на глобално ниво, а 25% од младата популација е без работа.
