БРЕГЗИТ
Британија в петок заминува од ЕУ
28.01.2020 12:25
На Британија и останатите 27 земји-членки им претстои период на долги преговори и договори за уредувањето на идните односи.

На 31-ви јануари на полноќ, Обединетото Кралство официјално излегува од Европската унија. По три и пол години маратонски преговори на релација Лондон- Брисел, Брегзит предизвика длабока поделеност и меѓу граѓаните, и меѓу политичарите.
На Британија и останатите 27 земји-членки им претстои период на долги преговори и договори за уредувањето на идните односи.
Брегзит нема да се одбележи со ѕвонењето на Биг Бен, но на Даунинг стрит ќе биде осветлен часовник кој ќе одбројува до крајниот термин.
Премиерот Борис Џонсон ќе има обраќање до нацијата.
