Патот кон ЕУ и НАТО: Перспективи и предизвици

Пендаровски: Ратификацијата на НАТО протоколот во Шпанскиот парламент е можна во почетокот на март

28.01.2020 15:00

Според шефот на државата, ратификацијата на македонскиот НАТО протокол во Шпанскиот парламент е можна во почетокот на март. Пендаровски очекува усвојување на новата методологија за почеток на преговорите на самитот во Загреб, за време на хрватското претседавање.

Македонскиот претседател Пендаровски, првите дипломати на САД и на Европа, како и Советот на амбасадорите, на конференција во Скопје ги искажаа ставовите за скорешното полноправно членство во НАТО, но и очекувањата од Брисел за датумот за преговори за земјата.

Според шефот на државата, ратификацијата на македонскиот НАТО протокол во Шпанскиот парламент е можна во почетокот на март. Пендаровски очекува усвојување на новата методологија за почеток на преговорите на самитот во Загреб, за време на хрватското претседавање.

Одлуката, соопштува кабинетот на претседателот, е важна за оптимизмот во земјата која што треба да спроведе фер, слободни и демократски избори во април. Ставот на амбасадорите на Италија, Франција, Германија и САД за датум за преговори во мај е афирмативен, но земјата треба да работи и на реформите, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата.