Коронавирусот стигна во 20 земји низ светот
Светската здравствена организација ја промени проценката за заканата од Коронавирусот од умерена на висока, на меѓународно ниво. Вирусот се шири и досега починале 132 лица, а околу 6.000 се заболени...

Од последиците на новиот коронавирус во Кина до сега починале 132 лица, а заболени се над 6.000. Надвор од Кина се забележани 70 случаи на заболени, од кои најмалку петмина во САД, десетици има во Канада, Европа, Северна Америка, Азија и Австралија.
Над 9.000 случаи се под мониторниг под сомневање дека можеби се инфицирани со новиот вирус.
Најголемиот број жртви и пациенти се од Вухан, престолнината на провинцијата каде што за првпат беше забележан вирусот. Речиси половина од жителите на градот го напуштија Вухан пред да биде затворен.
„Вухан е мојот втор дом. Имаме маски.“
„Нашиот универзитет добро се грижи за нас. Немаме постетители и остануваме во затворено.“
„Мислам дека владата во Вухан многу добро се справува со ситуацијата. Воопшто не е како што беше во 2003 година“- велат жители на Вухан.
Прв случај на заболен е забележан и на Тибет, а Хонгконг ја затвори границата со Кина и го запре железничкиот сообраќај.
СЗО ја зголеми процената за ризикот од корона вирусoт на меѓународно ниво од умерен до висок. Неколку земји почнаа да организираат таканаречни воздушни мостови, односно со авиони да ги враќаат нивните граѓани од Кина.
Во Јапонија едно лице било заразено со вирусот, иако не престојувал во Вухан. Во Јужна Кореја се потврдени четири случаи, од кои едниот е кинески државјанин, а останатите се државјани на Јужна Кореја, кои престојувале во Вухан.
Во Јужна Кореја повеќе од половина милион граѓани потпишаа петиција во која се забранува кинескиот народ да влегува во земјата. Јужна Кореја објави дека ќе ги евакуира своите граѓани од епицентарот на новиот вирус Корона, а Северна Кореја воведува едномесечен карантин за сите странци кои доаѓаат од Кина.
Руските региони кои граничат со кина воведуваат дополнителни безбедносни мерки. Повеќето гранични премини на далечниот исток на Русија се запрени до 1-ви февруари, во консултација со кинеската влада. Хотелите и туристичките места во Москва пак, се ставени под посебен надзор.
Марина Ристова
