Димитров во работна посета на Берлин, ќе се сретне и со еврокомесарот Вархеји
Покрај учеството на конференцијата, Димитров ќе оствари средби со негови колеги и други високи учесници на настанот како комесарот за соседство и проширување Вархеји. Исто така предвидено е да се сретне и со високи претставници од Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел и германското Министерство за надворешни работи.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин. Шефот на дипломатијата ќе учествува на Втората средба од висок ранг на германско- француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, која ќе биде претседавана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, соопшти МНР.
Покрај учеството на конференцијата, Димитров ќе оствари средби со негови колеги и други високи учесници на настанот како комесарот за соседство и проширување Вархеји. Исто така предвидено е да се сретне и со високи претставници од Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел и германското Министерство за надворешни работи.
Посетата се случува во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите на ЕУ ниво за ажурираната методологија на Европската комисија за водење на пристапните преговори, како и одлуката за Северна Македонија за отворање на преговорите.
