Финансиска поддршка за одгледување добиток
Сточарите и годинава ќе добијат државна финансиска помош. Најголем дел од парите се наменети за одржување на бројноста на стадата и за предаденото млеко...

Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 2.800 денари за животно, односно 3 100 денари доколку одгледуваат од 10 до 50 глави добиток.
Дополнително можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до ноември 2020 година кои не се одгледуваат за производство на млеко.
За предадено или заклано говедо во регистрирана кланица за периодот од мај 2019-та до април 2020-та година, фармерите ќе добиваат по 1.500 денари.
Овчарите за најмалку 30 обележани овци ќе може да добијат по 1.000 денари за секое животно или по 1.100 доколку стадото има од 101 до 500 овци, а за сочувано женско јагне по 700 денари.
Субвенциите се исти и во козарството со услов фармерите да имаат стадо од минимум 10 кози.
Доплатата за предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети во краварството не се менува, односно останува 3,5 денари, а за овчото и козјото млеко изнесува 4,5 денари за литар.
За пчеларите субвенцијата е 600 или 800 денари за 50 до 100 презимени пчелни семејства.
Методија Трајков
